СРАМЕН пораз за унгарскиот тим: Веспрем доби лекција од Кристијанштад!

Ракометарите на Веспрем доживеаја уште еден шокантен пораз, какви што имаа многу сезонава, откако беа поразени на гостувањето кај шведскиот шампион Кристијанштад со 32-29. Иако Веспрем важеше за голем фаворит и имаше предност на полувреме, 14-15, сепак на крајот загуби.

На стартот на вториот дел се играше најчесто гол за гол, а клучни за првата победа на шведскиот тим беа последните десетина минути. По 24-24, домаќините поведоа со 26-24.

Во моменти кога требаше Веспрем да се врати, искусните Наѓ и Ненадиќ направија грешки, па тоа беше доволно Кристијанштад да казни и до крајот да ја одржи предноста за конечни 32-29.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Гудмунсон со седум голови, Нилсен даде шест, а Кањелас пет гола. Кај Веспрем, Мае беше стрелец на четири погодоци, додека Дејан Манасков и Тонесен завршија со по три голови.