СП за младинци: Србија не успеа да ја изненади Шпанија, шест селекции имаат три од три

-По три одиграни кола на Светското првенство за младинци што се игра во Шпанија, полека почнаа да се издвојуваат фаворитите и репрезентациите што ќе играат во осминафиналето.

Во дербито на денот, домашната селекција успеа да ја победи незгодната Србија со 29-26, иако во финишот нашите северни соседи опасно се заканија.

Освен Шпанија, со три победи на три меча досега се и репрезентациите на Данска, Хрватска, Франција, Египет и Словенија.

Резултати, 3 коло:

Исланд – Норвешка 19-29
Нигерија – Јужна Кореа 30-42
Аргентина – Данска 23-31
Египет – Шведска 32-22
Франција – Австралија 50-11
Германија – Чиле 39-22
Португалија – Косово 32-21
Тунис – Јапонија 26-25
Хрватска – Унгарија 37-32
Словенија – САД 43-16
Бразил – Бахреин 27-26
Шпанија – Србија 29-26