СП за кадети: Заврши групната фаза, Македонија со три порази оди во елиминациите

Со вчерашните средби кои беа одиграни во двете сали во Скопје финишираше групната фаза на Мундијалот, па денеска репрезентативците се слободни.

Ова е шанса за подготовка за натпреварите од елиминациите кои почнуваат утре, па оттаму може да се направи главната подготовка за следните натпревари. Македонија веќе е познато дека финишираше на 4. позиција со три порази со што не беа исполнети очекувањата.

Момците отидоа на Португалија која беше една од трите селекции со максимални пет победи во групната фаза.

СП ЗА КАДЕТИ

РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНО 5. КОЛО

ГРУПА А (СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“)

ЧИЛЕ – САУДИСКА АРАБИЈА    25:29 (11:13)

СЛОВЕНИЈА – НОРВЕШКА          25:34 (11:22)

ХРВАТСКА – ШПАНИЈА                26:22 (13:11)

ТАБЕЛА: 1. Хрватска 10 (168:103); 2. Норвешка 7 (157:131); 3. Шпанија 7 (141:117); 4. Словенија 4 (132:141); 5. Саудиска Арабија 2 (112:162); 6. Чиле 0 (120:176).

ГРУПА Б (СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“)

ТАЈВАН – КАНАДА          33:17 (17:6)

УНГАРИЈА – ЕГИПЕТ       24:31 (14:19)

ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА               32:32 (13:15)

ТАБЕЛА: 1. Египет 8 (170:126); 2. Шведска 7 (176:126); 3. Франција 7 (161:121); 4. Унгарија 6 (157:118); 5. Тајван 0 (86:154); 6. Канада 0 (65:170).

ГРУПА Ц (СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“)

АРГЕНТИНА – НИГЕРИЈА             30:22 (10:10)

ДАНСКА – БАХРЕИН      36:29 (17:12)

МАКЕДОНИЈА – ЈАПОНИЈА       22:31 (11:15)

ТАБЕЛА: 1. Данска 8 (123:90); 2. Јапонија 6 (114:110); 3. Македонија 4 (110:111); 4. Аргентина 4 (93:102); 5. Бахреин 2 (93:102); 6. Нигерија 0 (114:143).

ГРУПА Д (СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“)

БРАЗИЛ – ПОРТУГАЛИЈА            29:36 (14:19)

СРБИЈА – ТУНИС             23:25 (13:12)

ИСЛАНД – ГЕРМАНИЈА                22:26 (9:13)

ТАБЕЛА: 1. Португалија 10 (149:124); 2. Германија 8 (146:114); 3. Исланд 6 (127:122); 4. Тунис 4 (110:139); 5. Србија 2 (118:127); 6. Бразил 0 (126:150).