Според Универзитетот од Бохум: Миркуловски е најдобриот играч на Македонија на последното ЕП

Раководителот на катедрата по ракомет на Факултетот за спортски науки на Универзитетот „Рур“ во Бохум, Јорн Урмајстер и статистичарот Оливер Брозиг изработија алгоритам со кој може да се направи целосна статистика за секој ракометар за прикажаното на едно големо натпреварување. Според него тие ги добиваат бројките со кои може да се рангираат сите ракометари.

300x250

Ваква статистика Урмајстер и Брозиг направија за Европското првенство во Хрватска, а според нивниот алгоритам најдобар ракометар таму е Расмус Лауге.

Она што е интересно е дека во Топ 20 се наоѓа и еден ракометар од Македонија. Според нив тоа е Филип Миркуловски, кој има постигнување од 59,43 поени.

Колку за споредба првопласираниот Лауге од Данска има 129,48. Второпласиран е Сандер Сагосен од Норвешка со 100,56 поени, а трет Кентин Мае од Франција со 89,59 поени.

Алгоритамот применува податоци од индивидуалните игри на ракометарите и од тимовите коишто се презентирани на официјалната страна на првенството. Бројките од позитивната страна се добиват од постигнатите голови, асистенциите, украдените топки, како и од направените блокади во одбраната. Негативните бројки се добиваат од пропуштените шутеви, техничките грешки, загубените топки, како и жолтите картони, црвените картони и исклучувањата.

Интересен податок има за актуелните шампиони. Од селекцијата на Шпанија најдобриот ракометар е рангиран дури на 12. место. Се работи за десното крило Феран Соле, кој беше еден од главните егзекутори на удари од седум метри.

ТОП 20

1. Расмус Лауге Шмит (Данска)    129,48

2. Сандер Сагосен (Норвешка)     100,56

3. Кентин Мае (Франција)              89,59

4. Андерс Захаријасен (Данска)  79,74

5. Мануел Штрлек (Хрватска)      79,31

6. Андреј Јуринок (Белорусија)   74,96

7. Никола Карабатиќ (Франција) 74,37

8. Миха Зарабец (Словенија)       73,66

9. Микел Хансен (Данска)              72,12

10. Горан Јоханесен (Норвешка)   71,55

11. Марко Мамиќ (Хрватска)           70,97

12. Феран Соле (Шпанија)                70,32

13. Кристијан Бјорнсен (Норвешка)             68,19

14. Адријан Фигуерас (Шпанија)   64,47

15. Ханс Линдберг (Данска)             63,88

16. Бјарте Мирхол (Норвешка)      63,54

17. Седрик Сораиндо (Франција)  61,45

18. Филип Миркуловски (Македонија)      59,43

19. Лука Циндриќ (Хрватска)           59,42

20. Хендрик Тофт Хансен (Данска)               59,18