Според полските медиуми: Вуко Борозан потпишал за Келце

После Алекс Душебаев и Лука Циндриќ уште еден ракометар на Вардар би можел да го облече дресот на Келце, а овој клуб сака да ја комплетира бековската тројка која во минатата сезона беше ударната сила на „црвено-црните“ во освојувањето на титулата во Келн.

300x250

Според полските медиуми Вуко Борозан е изборот на Келце, но тој би требало да пристигне во клубот по истекот на неговиот договор со Вардар во 2020 година. Полските медиуми велат дека тој веќе го потпишал договорот со клубот кој во следните две години ќе се засилува постојано со оглед на тоа што ова лето доаѓа Циндриќ, а следното и голманот Андреас Волф.

Борозан би требало да биде новото име во клубот во летото во 2020 година, а така тој би можел да пристигне во екипата без обесштетување. На тој начин екипата би добила лев бек со разорен шут, а во исто време и играч кој може да игра квалитетно и во одбрана.

Засега е јасно дека Борозан сака да го исполни договорот со Вардар и дека тој ќе биде дел од клубот и во следните две години, но станува сè поизвесно дека на крајот од договорот тој ќе го напушти клубот, па Вардар кој лани го победи во Лигата на шампионите во следните две години речиси и ќе го снема со оглед на тоа што играчите полека си заминуваат во други екипи.