Специјален полициски службеник ги чува новинарите во прес-центарот во Загреб (ФОТО)

Безбедноста во прес-центарот во Арена Загреб е на високо ниво и нема никаков проблем околу сигурноста така што може без проблеми да се извршуваат задачите. Во рамките на сигурносните проверки пред натпреварите, хрватската полиција ги обезбедува сите објекти во склоп на Арената.

Утринската проверка во прес-центарот се одвиваше во придружба на еден специјален полициски службеник кој се погрижи за безбедноста и помогна работите да бидат на потребното ниво пред почетокот на последниот натпреварувачки ден.

Се работи за симпатична полициска службеничка која својата работа ја врши експедитивно и без никакви поплаки, задоволна само со збор благодарност…