Спектакуларна забавно-музичка програма пред финалето на СЕХА Ф4 турнирот

Во пресрет на финалето на СЕХА Ф4 турнирот во Скопје организатот се потруди оваа манифестација да добие навистина спектакуларен лик. По петочниот полуфинален ден кој беше едно мало загревање за тоа што ќе се случува денес, организаацијата на СЕХА Лигата ќе ни понуди вистински спортско-забевен спектакл кој ќе ги задоволи и оние најприбирливите.

300x250

Пред финалниот натпревар во СЦ”Јане Сандански” предвидено е да настапат:

Кирил Џајковски
Танец
Escape dance Studio
Parcour Beyond
Eye Cue
“Суперталент на Хрватска“
Емил Кузмински & Матеја Иванковиќ
Блезери Блех Оркестар

Кога на оваа програма ќе ги додадеме и натпреварот за третото мести помеѓу Целје и Брест (17.45 часот) како и финалето помеѓу Вардар и ППД Загреб кое ќе стартува од 20.15 часот тогаш без сомнение ќе имаме голем забавно спортски спектакл.