Спектакуларно пиротехничко шоу на кое може да позавиди и Ф4 турнирот во Келн (ВИДЕО)

СЕХА Гаспром лигата ја спушти завесата на својата седма сезона. Впечатоците од организацијата, квалитетот на ракометот, како и финалниот производ наречен СЕХА Ф4 турнир се повеќе од позитивни. Вардар по четврти пат се закити со титулата најдобар во регионот, а по истекот на финалните шеесетина минути славјето можеше да почне. По прогласувањето на “ALL STAR” тимот, најпрво признанија добија третопласираниот Целје и второпласираниот ППД Загреб, а како предигра на вардаровото крунисување љубителите на ракометот во СЦ”Јане Сандански” и оние пред малите екрани можеа да уживаат во спектакуларно пиротехничко шоу на кое може да му подзавиди и Келн како организатор на машкиот Ф4 турнир во ЛШ.
Како изгледаше сето тоа погледнете на следното видео.

300x250