Спартак со нова победа избега од дното во Првата лига

Во израмнет натпревар екипата на Спартак го совлада Рудар и дојде до нови бодови во првенството во Првата машка лига. Ракометарите на Спартак знаеја како да одиграат најдобро кога беше најпотребно така што успеаја да се изборат за добар резултат во клучните моменти.

Целата средба мина во добар ритам, а Спартак имаше повеќе од играта во првото полувреме. После нерешените 6:6 беше направена серија од 5:0 која беше клучна за на одмор да се замине со високи четири гола разлика.

Сепак, она што беше испуштено во завршницата на првото полувреме беше надоместено на стартот на вториот дел кога Рудар имаше 5:1 и израмни на 13:13. Тука почна игра во која ниту еден тим не успеваше да се одвои и да влезе во финишот со предност која ќе гарантира мирна завршница.

Дури после 19:19 се случи Спартак да дојде до плус два, а овие два гола ги задржа до крајот на натпреварот.

СПАРТАК – РУДАР          23:21 (12:8)

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 200. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

СПАРТАК: Исајловски, Филиповски, Тренески, Брзанов 4, Ордевски 4, Петровски 3, Неделковски, Величковски 5, Миленковски, Јакимовски, Лефковски 1, П. Манев, Маневски 4, Палковски 2, Б. Манев, Кундевски.

Седмерци: 1/4, Исклучувања: 18 мин.

РУДАР: Милосов, Божиновски, Радевски, Спасовски 2, Милевски, Стојанов 3, Тодоров 4, Петковски 3, Младеновски 1, Гласенчик 1, Ампов 7, Митевски, Атанасов.

Седмерци: 4/8, Исклучувања: 4 мин.