Спартак му запамети и му врати на Цемс

После натпреварот во Битола на кој тимот на Цемс настапи со само пет ракометарки, на средбата против Спартак во составот имаше 11 девојки кои не можеа да се снајдат против градскиот ривал.

Спартак врати сокамата за поразот во првиот дел од сезоната кога Цемс беше комплетен. Овој патнемаше простор за домашните и гостинките беа подобриот противник и славеа со31:24. Откако во првиот дел од средбата имаше неизвесност и надигрувањетотраеше во сите 30 минути продолжението од средбата донесе брзо решение на тоакој ќе ги освои бодовите.

После 11:12 наполувреме во вториот дел од средбата, Спартак наметна силно темпо и успеа дазголеми. Постепено ја зголемуваше разликата и тоа на крајот допринесе за триумфод седум гола, кои беа и највисоки на средбата.

Николовска и Иванова беа двете ракометарки кои задаваа најмногу проблеми и кои нерешелива загатка во најголемиот дел од мечот, па тука треба да се бара и разликата која Спартак успеа да ја направи на средбата.

ЦЕМС – СПАРТАК           24:31 (11:12)

Сала: „Христо Батанџиев“ од Скопје. Гледачи: 50. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

ЦЕМС: Филиповска, Станчева, Петковска, Ангелковска 1, Малцева, Николовска 2, Алушовска 6, Донева 3, Василева 6, Лазова, Пецанова 6.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 6 мин.

СПАРТАК: Јовановска, Андонова, Николовска 9, Домазетовска, Младеновска, Стефановска 4, Трајковска 5, Ангеловска 1, Арсовска, Цветановска 5, Иванова 7.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 10 мин.