Спартак лесно до три бода во Свети Николе

Ракометарките од Свети Николе останаа без бодови и после натпреварите од 6. коло во Женскат лига откако загубија и на мечот проти Спартак. Гостинките се изборија за триумф од 34:18, па ги однесоа и трите бода од овој натревар.

Овче Поле го загуби натпреварот уште во првото полувреме. Спартак успеа да стигне до предност од осум гола и имаше 16:8 и тука практично сите работи беа решени на овој дуел. Желбите коишто ги имаа ракометарките на домаќинот за да се вратат во мечот не им дадоа резултат бидејќи гостинките играа подобро.

После осумте гола предност во првите 30 минути тие продоолжија да играат во силен ритам и успеаја да ја зголемат предноста за нови осум гола во второто полувреме при што стигнаа до 34:18 и тука практично веќе го решија победникот на овој дуел така што немаше шанси за домашните да направат нешто повеќе, па и после 6. коло нема бодови.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – СПАРТАК          18:34 (8:16)

Сала: Цар Самоил во Свети Николе. Гледачи: 250. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Ристова, Мицевска, Манева 2, Павловска 3, Костова 4, Димчева 1, Вучевска 5, Сентовска 1, Ристовска, Тодорова 2, Јанева.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 14 мин.

СПАРТАК: Самарџиска, Јовановска, Андонова 1, Николовска 11, Домазетоска 1, Младеновска 1, Стефановска 5, Трајковска 3, Ангеловска 1, Арсовска, Цветановска 6, Иванова 3, Величковска 1, Делевска 1.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.