Со трчање кон новите средби од СЕХА-лигата (ВИДЕО)

Натпреварите во СЕХА-лигата се во мирување, а следните дуели се закажани веќе за 17 октомври. Додека да дојдат тие натпревари може да се следат дуели од Лигата на шампионите.

Она што е интересно е дека се очекуваат нови возбудувања, а новото видео подготвено од одговорните во СЕХА-лигата покажува интересни моменти од тоа како дел од ракометарите успеваат набрзина да го „прелетаат“ теренот.