Со пехарот во раце, со погледот кон Будимпешта: Вардарки ја отворија сезоната на трофеи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со рацете високо во воздух, „црвено-црните“ ја прославија премиерната титула во возобновеното издание на женската регионална лига(ВРХЛ). Во финалето на завршниот Фајнл Фор турнир во „Јане Сандански“ Вардар славеше победа над Будуќност со резултат 27-25.

Финалениот дуел кој може да се преслика и во Лигата на шампионите, го одбележаа македонските првенки. Вардарки пред своја публика ја контролираа играта и резултатот на натпреварот, затоа победата е повеќе од заслужена. Прва радост за прва овосезонска титула пред вистинското искушение кое го носи завршницата во Бидумпешта. Вардар на шести мај во реприза на минатогодишното полуфинале повторно ќе се соочи со ЦСМ Букурешт. Затоа титулата во ВРХЛ  е убава увертира за она што следува на почетокот на мај…