Со овие екипи нема шега, ја имаат најбрзата контра во Лигата на шампионите (ТОП 5)

Ако на кој било тренер му поставите прашање за тоа кој е идеалниот начин за игра и успех, секогаш ќе го добиете одговорот дека тоа е брзи и лесни голови. Со промените на правилата во претходните години контрите станаа подостапни и станаа сè посилно оружје на екипите.

Покрај многуте рангирања има и вакво за тоа кои тимови ја имаат најдобрата контра и од кои ќе се очекуваат најбрза игра. Според ЕХФ и во оваа категорија Барселона е на врвот со што само се потврдува дека годинава е прв кандидат за титулата.

5.КРИСТИЈАНШТАД

Брзина, контри и брза транзиција од одбрана во напад отсекогаш биле препознатлива карактеристика на тактиката на тренерот Љубомир Врањеш, особено додека беше во Флензбург. Истото ваши и сега со младите и брзи играчи на Кристијанштад кои имаат перфектни вештини и се подготвени за „run and gun“ тактика. Контра нападите се во гените на скандинавскиот ракомет, а Врањеш знае како тоа да го пренесе на терен.

4.ПСЖ

И покрај тоа што двајцата вкупно имаат 75 години, Сигурдсон (40) и Абало (35) и понатаму се едни од најдобрите играчи на своите позиции докажувајќи дека годините не се пречка за брзина. Со текот на годините својата висока класа ја имаат докажано не само со брзината туку и со многу атрактивни голови. Овие двајца искусни ракометари ја водат новата генерација на летечки играчи како што се Беноа Конко и Дилан Нахи.

3.ВЕСПРЕМ

Кога тимот е предводен од едно од најдобрите крила на својата генерација, специјалист за контри и украдени топки веднаш знаеме каква тактика може да подготви. Давид Дејвис беше клучен играч во одбраната 5-1 при освојувањето на титулите со Сиудад Реал во ЛШ. Во претходните неколку години играта на Веспрем се смени и фокусот од моќни шутери на бековските позиции се префрли на ефикасни и брзи крила како што се Дејан Манасков, Гаспер Маргуч, Драган Гајиќ и Мануел Штрлек.

2.ФЛЕНЗБУРГ

Со повеќе од 90% играчи од скандинавските школи во составот, Флензбург е повеќе скандинавски отколку германски тим. Магнус Јондал и Хампус Ване на лево крило и Ласе Сван на десно се перфектно трио за контра напади. Бековското дуо Магнус Род и Џим Готфридсон многу добро знаат како да забрзаат од одбрана во напад.

1.БАРСЕЛОНА

Кога голмани се Перез де Варгас и Кевин Молер кои прават многу асистенции со нивните долги додавања во контра, кога одбраната е комбинација на сила и вешт преден играч и кога на крилните позиции се Каспер Мортенсен, Виктор Томас и Алеиш Гомез, тогаш постојат перфектни услови за игра во високо темпо. Во претходната сезона Барселона постигна 40 или повеќе голови на 40 натпревари, а тоа може да се постигне само со брзина, брзина и брзина. Едноставно Каталонците ги наттрчуваат своите противници. Сега со доаѓањето на Циндриќ кој е екстра брз во нападите јасно е зошто токму Барселона е на место број еден во ова рангирање.