Сојузот на спортови на Скопје го награди Вардар: Три признанија за европскиот првак

Сојузот на спортови на Скопје по повод празникот 13 Ноември им додели неколку признанија на ракометарите на Вардар за сето она што го направија во 2017 година.

Машката екипа на Вардар која годинава освои речиси сè што можеше е најдобриот тим. Вардарци победија во Лигата на шампионите, СЕХА-лигата, како и во трите домашни натпреварувања, првенството, Купот и Супер купот на Македонија.

Стојанче Стоилов кој е капитен на Вардар е прогласен за спортист на годината, додека Раул Гонзалез е тренер на 2017 година.

Фото: rkvardar.mk