Сопругата на Гуглета почна да (му) брани од прв ден (ФОТО)

Ракометарот на Металург, Александар Гуглета пред неполни две недели „рипна во тавче“, а веселбата се одржа на 26 ноември. Тој стана македонски зет, а неговите колеги беа присутни на свадбената церемонија.

Сепак, после фотографиите од веселбата се појавија и фотографии од Гуглета и неговата сопруга, а има неколку интересни моменти.

Секако, мора да биде поврзано со ракометот, а може да се види дека неговата сопруга одлично би се снашла и во улога на голман бидејќи има добар став на голот додека Гуглета се обидува да бие.

Во шега на својот фејсбук профил самиот има искоментирано дека таа има подобра процент од Џанлуиџи Буфон, а тоа значи дека (му) брани одлично.