Соиграч на Манасков во изборот за Плејбој маж на годината

Централниот бек на Веспрем и на Унгарија, Мате Лекаи се најде во изборот на унгарски Плејбој за маж на годината.

Популарното списание во Унгарија организира избор на маж на годината и тоа во неколку различни категории. Една од нив е категоријата спортист во која свое место најде одличниот ракометар на Веспрем.

Покрај него во оваа конкуренција се најдоа и кошаркарот на Барселона Адам Ханга, пливачот Козма Доминик, тенисерот Мартон Фучовиц и ватерполистот Вамос Мартон.

Ракометниот клуб Веспрем ја повика армијата фанови со својот глас да му помогнат на својот ракометар да извојува уште една значајна победа, овој пат надвор од ракометниот терен.