Снајди се и заштеди: Металург има нова опрема за тренирање (ФОТО)

Ракометарите на Металург после Супер куп средбата против Вардар продолжуваат со подготовките за првиот натпревар од СЕХА-лигата кој ќе го одиграат на 29 август против истиот противник.

300x250

На тренинзите беше забележан интересен момент, а тој е поврзан со опремата за тренирање. Во недостаток на маркери за тренирање „металурзите“ се послужија со маркерите за фоторепортерите кои тие ги носат на средбите од Лигата на шампионите.

Како изгледа кога ракометарите ќе облечат маркери за фоторепортери. Дали е поради заштеда или во моменот тие маркери беа при рака останува на вас да заклучите.

Во секој случај може да погледнете како е кога на тренингот на Металург ќе има „фоторепотери“.

Како што е познато Металург во новата сезона ќе игра повторно и во Лигата на шампионите, но и во СЕХА-лигата.

Од денеска со екипата е и новиот тренер Данило Брестовац кој се врати од ЕХФ-шампионатот во Тбилиси каде ја предводеше кадетската репрезентација на Македонија.

Фото: РК Металург