Сменет и домаќинот за првото македонско дерби во СЕХА

Откако стана јасно дека првиот дуел меѓу Вардар и Металург во СЕХА-лигата ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ место во салата „Борис Трајковски“, дојде и до две други промени.

За терминот беше јасно уште вчера дека ќе биде 20:45 часот, додека денеска е познато дека во договор на двата тима Вардар ќе биде домаќин на првото дерби меѓу овие тимови, а Металург ќе биде на дуелот од 10. коло.

Со овој меч на 29 август практично стартуваат битките за македонските тимови во СЕХА-лигата и пред нив ќе биде една долга сезона во која одново ќе имаат предизвици и во Лигата на шампионите.

Инаку, Металург во моментов ги финишира подготовките во салата во Автомоканда додека Вардар е веќе во Франција каде утре ќе го има првиот меч на турнирот и тоа против ПСЖ на Раул Гонзалес.