Смена кај суперлигашите: Мајиќ се врати на првото место

Откако Ивица Илиев не настапи за Борец на мечот против Прилеп, Мирко Мајиќ од Радовиш ја искористи ситуацијата и одново се врати на првото место кај стрелците во Супер машката лига. Тој беше ефикасен во 12. коло така што успеа да го мине Илиев и да го остави зад себе.

Ситуацијата сега станува поинтересна бидејќи се враќа битката за врвот со оглед на тоа што се вклучуваат уште неколку ракометари, па ќе биде возбудливо и во продолжение од сезоната.