Словенките се потрошија вчера: Романија во вториот дел до триумф

Второто коло на Светското првенство во Германија почна со победа на Романија против Словенија со 31:28.

300x250

После изненадувањето вчера против Франицја денеска Словенија немаше сили да одигра две полувремиња на исто ниво, па попушти во вторите 30 минути, кога Романија успеа да надомести и се избори за нови бодови.

Првиот дел заврши со 14:14, а во вториот дел Романија успеа да го крене нивото и да дојде до предност која ракометарките од Словенија не успеаја да ја стигнат, па мораа да потпишат капитулација.

Кристина Неагу и Крина-Елена Пинтеа беа најдобрите во таборот на Романија кои заедно постигнаа повеќе од пола од головите. Неагу беше стрелец на 11 гола, додека Пинтеа заврши со шест. Кај поразените Ана Грос успеа да реализира десет удари.

Фото: siol.net