Словенечкиот репрезентативец погоди двапати со еден удар (ФОТО)

Пикерот на Словенечката ракометна репрезентација и актуелен ракометар на Пик Сегед, Матеј Габер по втор пат стана татко.

По керката Зара, словенецот го зголеми своето семејство на пет члена откако неговата сопруга Маријана на свет ги донесе близнаците Лан и Нео, што предизвика неизмерна радост во семејството Габер.

Матеј беше пресреќен а својата радост ја пренесе и на социјалните мрежи, каде доби низа честитки од своите блиски и поддржувачи.

“Со големо задоволство сакам да објавам дека од денес нашето семејство се зголеми за два нови члена. Зара ги доби своите браќа Лан и Нео”, соопшти Габер на социјалните мрежи.