Слободни денови за прошетка до Романија: Рамницу Влчеа ја претстави Марија Петровиќ (ФОТО)

Пивотот кој не се наигра во редовите на Вардар и главно настапуваше во домашното првенство, Марија Петровиќ ја продолжува кариерата во Романија. Таа потпиша за Рамницу Влчеа, а ја искористи паузата за да биде промовирана во нова ракометарка на клубот од оваа земја.

300x250

Петровиќ беше дел од Вардар во минатите две години, но не се наметна. Ја ангажираа како голем талент, но секогаш беше во сенка на Цвијиќ и Чанаџија, па не покажа ништо од својот потенцијал.

Што се однесува до нејзиниот нов клуб велат дека се задоволни што успеале да се договорат.

„Потпишавме договор на две години. Задоволни сме што ќе игра за нас. Знаеме со каков квалитет располага и сигурно ќе донесе многу за нашиот тим“, вели потпретседателот на Рамницу Влчеа, Флорин Веригеану.

Со ова уште една ракометарка на Вардар ја реши својата иднина, па останаа уште само неколку од ракометарките коишто уште се без клуб за следната сезона.