Следниот противник на Вардар со нов триумф во СЕХА

Пресметката меѓу Стеауа и Војводина го затвори 3. коло во СЕХА-лигата, па сега има комплетна табела во ова натпреваруање. Романците покажаа дека го заслужиле своето место во регионалното натпреварување и успеаја да слават против Војводина обезбедувајќи нови бодови и после три кола веќе има шест поени.

Стеауа дојде до победата со гол во последните моменти, а стрелец беше пивотот Немања Грбовиќ. Тој донесе три бода со што тимот од Букурешт успеа да се најде во горниот дел од табелата. Инаку, Војводина беше добар противник и парираше во поголемио т дел од средбата.

Тимот од Нови Сад постојано беше близу и успеваше да дојде до резултат со кој беше близу до бодови, но на крајот не успеа, па поените останаа во Букурешт.

Хавиер Хумет беше најефикасниот со дури десет гола, додека кај гостите Милош Грозданиќ успеа да реализира седумпати.

Стеауа е следниот противник на Вардар, а тој меч се игра во вторник од 20:15 часот.