„Следете го сонцето“ порача кандидатот-домаќин Лос Анџелес пред Меѓународниот олимписки комитет (ВИДЕО)

Главниот град на Калифорнија е еден од главните кандидати за домаќин на Олимписките игри во 2024 година. Благодарение на одличната инфраструктура, локацијата и спојот на модерното со природата и искуството во огранизирање на вакви настани, Лос Аџелес се издвојува како сериозен кандидат домаќин на Олимписките игри во 2024.

Пред членовите на Меѓународниот олимписки комитет, градоначалникот на овој светски познат туристички град под мотото „Следете го сонцето“ ја презентираше визијата за ОИ2024. Кадидатурата на Лос Анџелес само докажа дека градот е речиси подготвен за организација на ОИ уште утре. Од ултра модерниот кампус на УКЛА кој ќе биде претворен во Олимписко село, па се до познатите арени Стејпс и Хонда, Лос Аџелес нуди поинакво искуство и нова ера во Олимиските игри кои ќе се протегаат во четири зони низ градот.

Бројни познати личности и спортисти застанаа зад овој проект на Лос Аџелес и како што најави градоначалникот Ерик Гарсети мешавината на култури и народи, популарните плажи, временските услови и одличната инфраструктура на градот ќе ја осветли иднината на олимпизмот.

Противкандидат на Лос Аџелес е градот Париз и Франција кои во својата презентација и лобирање имаа поддршка од нивниот премиер Емануел Макрон.