Славеничка одјава од Скопје: Македонско изненадување за роденденот на „Ел команданте“ (ФОТО)

На ден пред тргнување за Германија, селекторот на Македонија, Раул Гонзалес имаше повод за славење. Тој денеска полни 49 години, па ракометарите се погрижија да му го честитаат роденденот.

Раул е роден на 8 јануари во 1970 година, па ова беше одлична можност за уште подобра атмосфера пред тргнувањето на пат. Практично ова ќе биде двојно славење бидејќи и утре ќе има повод за радување во репрезентацијата со што овие два дена ќе бидат искористени за одлично расположение пред стартот на главното на Мундијалот.

На роденденот на Раул сè беше во знакот на Македонија. На фотографијата подолу се забележуваат навивачки реквизити, а покрај тоа забавата беше со добра македонска музика во прекрасна атмосфера што секако може да биде добар показател за првенството.

Покрај денешниот роденден на Раул, утре роденден ќе слави и физиотерапевтот Димитар Маневски така што и при патувањето и во Минхен ќе има повод за честење. Секако ракометот е на прво место, но ова е добар повод во вистинско време за загревање на атмосферата во репрезентацијата.

Капитенот Кирил Лазаров и пивотот Стојанче Стоилов беа задолжени за врачување на податоците за селекторот и за физиотерапевтот во репрезентацијата.