Скубе за 24 Ракомет ТВ: Никој не го очекуваше ова од нас, освен ние самите (ВИДЕО)

Вардар останува првопласиран тим во Групата А од Лигата на шампионите. Победата од 29:27 против екипата на Рајн Некар беше можност за продолжување на максималниот ефект така што е сосема извесно дека составот на Вардар само уште повеќе докажува дека сезонава игра одличен ракомет.

Со оглед на тоа што пред почетокот на сезоната имаше многу кои не веруваа толку во ракометарите на Вардар, но тие докажаа дека заслужуваат многу повеќе и дека сезонава одат одново на максимум.

„Одигравме добар натпревар. Веќе имаме четири од четири и веројатно никој не го очекуваше искрено ова од нас, но ние да. Ние цврсто верувавме дека сме добра екипа и тоа го докажавме“, изјави Скубе пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава на Сташ Скубе можете да ја проследите во видеото во продолжение.