Скубе за 24Ракомет ТВ: Карачиќ го влечеше возот на Вардар (ВИДЕО)

Вардар ја запиша петтата победа во шестиот натпревар од Лигата на шампионите, откако во Скопје славеше над Брест Мешков со 30-23. Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе вели дека во првот дел Вардар одиграл послабо, но во второто полувреме работите си дојдоа на свое место.

„Во првиот дел доаѓавме до чиста позиција, но промашувавме многу. Сепак, во вториот дел работите си дојдоа на свое место откако заигравме подобро“, вели Скубе.

Целосната изјава на Скубе погледнете ја во видео прилогот…