Скратен список и кај Словенците: Вујо со Доленец и Кавтичник, но без Бомбач

Словенија, која е првиот противник на Македонија на Европското првенство во Хрватска ќе ги почне подготовките за шампионатот со 21 ракометар. Селекторот Веселин Вујовиќ одлучи да ги вклучи во тимот и повредените десни бекови Јуре Доленец и Вид Кавтичник, па веројатно на списокот ги има дури четворица на оваа позиција.

Нема големи изненадувања во составот, освен тоа што во повиканите за подготовки го нема средниот бек на Кјелце, Деан Бомбач од кој се очекуваше да ја предводи играта на Словенија на шампионатот во Хрватска. Сепак, кога ќе се види формата на Миха Зарабец сосема е јасно дека Вујовиќ ќе има на располагање силна репрезентацијата.

СЛОВЕНИЈА, ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА ЕП

ГОЛМАНИ: Урх Кастелиц, Матевж Скок (ППД Загреб), Урбан Лесјак (Целје).

ЛЕВИ КРИЛА: Дарко Цингесар (Паук), Нико Медвед (Горење).

ЛЕВИ БЕКОВИ: Саша Баришиќ Јаман (Нексе), Борут Мацковшек (Целје), Јан Гребенц (Горење), Ник Хенигман (Рибница).

СРЕДНИ БЕКОВИ: Марко Безјак (Магдебург), Патрик Лебан (Нексе), Миха Зарабец (Кил).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Нејц Цехте (Горење), Јуре Доленец (Барселона), Вид Кавтичник (Монпеље), Жига Млакар (Целје).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Блаж Јанц (Кјелце), Гашпер Маргуч (Веспрем).

ПИВОТИ: Блаж Благотиншек (Веспрем), Матеј Габер (ПИК Сегед), Игор Забич (Висла Плоцк).