Скопски клуб ја има најубавата директорка (ФОТО)

Освен со добри резултати спортските клубови привлекуваат внимание и со ангажирање на познати членови во својата тим, управа или стручен штаб. Или пак со атрактивни, убави, згодни жени, девојки….

Женската екипа на ЦЕМС ќе биде една од двете нови во сезоната која што претстои, а во овој клуб ќе работат поранешни репрезентативки на Македонија и ракометарки кои го носеле дресот на освојувачот на Лигата на шампионите од 2002 година.

Ништо спорно, но кога ќе ја видите спортската директорка сигурно ќе испратите и воздишки. На позицијата директор е поставена Ива Стојковска. Таа беше дел од репрезентацијата на Македонија до 20 години која во 2008 година настапи на Светското првенство на кое бевме домаќини.

Во својата кариера таа настапуваше и во редовите на Еуростандард Ѓорче Петров, а потоа играше и за Кометал Ѓорче Петров и за Вардар. Последниот клуб во кариерата и беше Приштина и тоа пред две сезони кога ја финишираше својата играчка кариера.

Рано одлучи да се повлече од активното играње, но дефинитивно останува дел од ракометот, но сега со нова функција надвор од терените.
Ако нишо друго, на трибините на натпреварите на ЦЕМС сигурно ќе има многу момци….

Фото: Facebook