Скопjе доминира во Суперлигата – дури седум екипи од главниот град ќе играат во елитата!

По пласманот на тимот на Работнички во Супер лигата за следната сезона, догодина во елитната машка конкуренција ќе има скопска доминација.

Вардар, Металург, Пролет, Бутел, Работнички, Вардар Јуниор и Металург 2, се екипите кои сигурно се радуваат што нема да имаат многу патувања далеку од Скопје.

Покрај овие седум екипи, дел од елитата ќе бидат битолските ривали Еурофарм Работник и Пелистер, како и Охрид, Струга и Радовиш.

До крајот на овој месец ќе бидат познати сите екипи што ќе се натпреваруваат и во Суперлигата, во Женската, како и во Првата лига.