СКАНДАЛ: Српските репрезентативци лумпувале низ Загреб за време на ЕП!

Србија е една од репрезентациите што има меѓу најдобрите индивидуалци со блескави клупски настапи, но ретко кога тоа се гледа на теренот кога играат во националниот дрес. Не дека немаше скандали во српскиот национален тим и пред и за време на Европското првенство, но по неговото завршување, на виделина излегува уште еден, по кој сигурно нема да има место за сите играчи на следниот репрезентативен собир.

300x250

Селекторот Јовица Цветковиќ, поднесе извештај за одиграното на ЕП до РСС и ја посочува недисциплината на играчите како една од главните причини за неуспехот. „Обвинети“ се Петар Ненадиќ, Дарко Ѓукиќ, Добривоје Марковиќ и Немања Зеленовиќ. Тие наводно за време на ЕП лумпувале низ ноќните локали во Загреб, а некои од репрезентативите дури и резервирале билети за враќање уште пред третиот натпревар од првата рунда во Сплит против Исланд.

Посочените играчи тврдат дека тоа што го наведува селекторот во извештајот не е точно.

„Ништо од тоа не е вистина. Јас не излегов ниеднаш. Тоа може да го потврди мојот цимер Немања Илиќ како и Петар Ненадиќ со кого секоја вечер седевме во соба. Ни тој не излегуваше. Цветковиќ го вперува прстот во нас, а ние бевме најдобри стрелци во квалификациите и ја однесовме Србија на ЕП.“ – вели поранешниот ракометар на Металург, Дарко Ѓукиќ.

Србија забележа само една победа на шест натпревари на Европското првенство и го заврши шампионатот на 12 место.