Скандал во Франција: Судиите му подарија победа на ПСЖ (ВИДЕО)

Ракометарите на ПСЖ потешко од очекувањата го совладаа Сан Рафаел со 25-26 во натпревар од Француската ракометна лига. Но, црна дамка на овој дуел стави одлуката на судискиот пар Тиери Денц и Денис Рејбел со која директно кумуваа на конечниот резултат, и го оставија ПСЖ во борбата за титула во Франција.

300x250

Имено при резултат 25-25 остануваа уште пет секунди до крајот во кои ПСЖ се обиде да изведе акција за победа. Централниот бек Сагосен додаде до Лука Карабатиќ кој беше фаулиран, и не успеа воопшто да стигне до топката. Судиите експресно досудија седмерец за ПСЖ,кој на крајот се покажа како клучен за победата и продолжување на шансите на милијардерите од Париз во борбата за титулата во домашниот шампионат. Прекршок несомнено постоеше и требаше да биде санкциониран, но одлуката да биде досуден седмерец е во најмала рака дискутбилна.

Во продолжение погледнете го сомнителниот момент па сами пресудете.