Си најде девојка од Македонија и тргна да го освојува светот (ФОТО)

Соиграчот на Кире Лазаров од екипата на Нант, Едуардо Гурбиндо е на пат да стане македонски зет, а паузата за време на летото ја користи максимално.

На својот инстаграм профил објави фотографии со неговата девојка Елена, а дека се во голема љубов веќе е одлично познато меѓу оние кои се вљубеници во ракометот.

Секако интересно е да се види како го поминуваат летото, а самиот Гурбиндо објави фотографии од кои се гледа дека ги освојуваат плажите одморајќи се од напорната сезона и подготвувајќи се за новата.

Фото: Инстаграм