Си заминаа од Вардар и ги имаат двата најдобри трансфери летово (ВИДЕО)

Вардар летово остана без неколку клучни ракометари од последните сезони, а двајца од нив направија трансфери кои им го донесоа првото место на листата на најдобрите за ова лето.

Арпад Штербик го зазема врвот и тој го има трансферот на летото, додека веднаш до него е Лука Циндриќ. Овие два трансфери го одбележаа летниот преоден рок, а како трет трансфер е Лудовик Фабрегас, пивотот кој од Монпелје замина во Барселона.

Во продолжение можете да ги видите најдобрите десет трансфери за ова лето во машка конкуренција во клубовите кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите.

ТОП 10 ТРАНСФЕРИ

10. Томас Могенсен (Флензбург-Скјерн)

9. Торбјорн Бергеруд (Холстебро – Флензбург)

8. Штефен Фет (Фуксе Берлин – Рајн Некар)

7. Виран Морос (Барселона – ПСЖ)

6. Деан Бомбач (Келце – ПИК Сегед)

5. Кентин Мае (Флензбург – Веспрем)

4. Ким Екдал ду Риц (Рајн Некар – ПСЖ)

3. Лудовик Фабрегас (Монпелје – Барселона)

2. Лука Циндриќ (Вардар – Келце)

1. Арпад Штербик (Вардар – Веспрем)