СИТЕ ШАМПИОНИ ВО МАКЕДОНИЈА!

Со одигрувањето на завршниот турнир во женската кадетска лига и со бараж натпреварот за место во машката Супер лига изминатиот викенд, се спушти завесата на клупската ракометна сезона во Македонија.

Се одиграа многу натпревари во сите лиги, од пионерска до сениорска, и во машка и во женска конкуренција, па веќе можеме да ги сумираме резултатите.

Во семејството Металург отидоа вкупно шест пехари, во „црвено-црното“ семејство четири, додека „натрапници“ во ова друштво се КЛ7 од Струга и Куманово.

Сите шампиони во Македонија:

Супер лига – Вардар
Женска лига – Металург
Прва лига – Металург 2
Куп на Македонија, мажи – Металург
Куп на Македонија, жени – Куманово
Суперкуп на Македонија – Вардар
Пионери – Металург
Пионерки – Вардар
Кадети – КЛ7
Кадетки – Вардар
Младинци – Металург 2
Младинки – Металург