Сирената го спаси Гедбан: Голманот на Вардар го прими најпацерскиот гол оваа сезона (ВИДЕО)

Вардар дојде до победа од 31:30  на гостувањето во Запорожје во Лигата на шампионите и со истата разлика со која загуби во СЕХА сега му врати на истиот противник.

Сепак, разликата е во два гола со оглед на тоа што тој натпревар заврши со 32:31 во корист на тимот од Украина.

Во последните секунди од средбата се случуваше драма, а Мотор постигна гол за реми, кој беше поништен бидејќи сирената беше побрза од шутот. На оваа акција претходеше напад во кој Вардар можеше со гол да финишира и да го реши натпреварот, но Киреев го одбрани ударот на Скубе и дозволи шанса за противникот да дојде до реми.

Што и како се случуваше, најдобро е да се види на видео снимката како изгледаше тој удар.