Синфин и Димитриевски во добар ритам, откинаа бод и на Анаитасуна

Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски одигра уште еден одличен натпревар и на домашен терен му откина бод на фаворизираниот тим Хелветиа Анаитасуна.

По првиот дел Синфин водеше со 13-12, но во второто полувремето гостинската екипа возврати на ист начин, па на крајот мечот заврши 26-26 и со поделба на бодовите.

Димитриевски е важна алка во играта на Синфин, особено во одбраната, но овојпат се истакна и во нападот и погоди три пати од три обиди.

Тимот од Сантандер во претпоследното коло за оваа сезона во Асобал лигата ќе гостува кај учесникот во Лигата на шампионите, Адемар Леон.