Симонет: Во Аргентина немаме вакви натпревари, горд сум на наградата и успехот на мојот тим

Аргентина го дава фудбалскиот бог во името на Лео Меси, но оваа земја полека но сигурно влегува и во ракометната историја преку својот ракометен “Меси” -извонредниот плејмејкер на Монпелје, Диего Симонет.

300x250

Ракометарот кој блескаше изминатиов викенд во Келн, најпрво против Вардар во полуфиналето а потоа и против Нант во големото финале, влезе во историјата како прв неевропски ракометар кој ја освојува наградата МВП на фајнл-фор турнирите.

“Ова е моја лична награда и горд сум на мојот перформанс изминатиов викенд во Келн. Но уште поважно е тоа што нашиот клуб после долг период повторно успеа да ја освои европската титула. Јас ги освоив наградите во рок од неколку години, но погледнете го нашиот тренер кој долги години се бореше да го постигне сето тоа.”

Симонет е првиот ракометар од Аргентина кој успеал да ја освои Лигата на шампионите , кој гордо го носеше аргентинското знаме на свечената церемонија  на доделувањето  на наградите.

“Во Аргентина немате вакви врвни ракометни натпревари. Нашиот национален тим е далеку од најуспешните, плус нашиот клуб долго време чекаше да дојде до вакви натпревари. Ова се емоции кои не можат да се опишат.”-заврши Диего Симонет.