Симона Стојковска останува во Германија, потпиша за Цвикау

Македонската интернационалка Симона Стојковска и во следната сезона ќе игра во Германија, но во друг клуб.

Минатата сезона Стојковска беше дел од бундеслигашот Некарсулмер, и прикажа одлични игри, а со тоа го привлече вниманието на Цвикау и потпиша договор на две години.

„Без многу размислување се решив да преминам во Цвикау. Со нетрпение очекувам да го облечам дресот во новиот тим. Сигурна сум дека ќе имаме успешна сезона“, изјави Стојковска.

Таа потекнува од битолски Феникс, а во Македонија беше дел од Металург, додека првото интернационално искуство го имаше во грчкиот ПАОК.