Симовски го објави поширокиот список за Шведска и Србија

Селекторот на женската ракометна репрезентација Симе Симовски го објави поширокиот список од 27  ракометарки за престојните квалификациски дуели за ЕП 2018 против Шведска и Србија.

300x250

ПОШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРКИ за квалификациите за ЕП

Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Амра Илјаз, Јована Мицевска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ, Теодора Керамичиева, Марија Штериова, Александра Боризовска, Душица Ѓоргиевска, Елена Ливриниќ, Леонида Гичевска, Елена Ѓеорѓијевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Милица Николиќ, Мирјета Бајрамовска, Ангела Тодоровска, Мила Трајковиќ, Моника Јаневска, Јована Кипријановска, Марија Тасевска, Јана Калајџиевска, Сања Дабевска.

Натпреварите против Србија и Шведска ќе се одиграат во приодот од 30 мај до 3 јуни.  Македонија најпрво на 30 мај во СРЦ Кале ќе биде домаќин на Шведска , а во последното коло на 3 јуни гостуваме на Србија во Ниш.

Македонија се наоѓа во третата квалификациска група за пласман на ЕП 2018 година, во која се наоѓаат Шведска, Србија и Фарски острови.