Симе Симовски за 24 Ракомет: Само првото место се смета за успех!

Репрезентацијата на Македонија во женска конкуренција од вчера е одново на тренинг и сеподготвува за квалификацискиот турнир кој се одржува од 30 ноември до 2 декември во Скопје во салата во СЦ „Борис Трајковски“. Македонија ќе ги пречека селекциите на Азербејџан, Исланд и Турција во обидот да се освои првото место и да се обезбеди пласман во баражот.

„Само првото место е успех. Сепак, на овие натпревари ќе мораме да влеземе со доза на внимателност. Сите репрезентации се селекции на ниво кое е близу до нашето.Според анализите кои ги направивме досега најмалку информации имаме за селекцијата на Азербејџан. Имам натпревар против Турција од нив и еден одигрите во Баку, но од поодамна. Доколку тоа е истата селекција тогаш нема дабиде лесно. Имаат побавни бекови, но брзи крила. Имаат подвижна одбрана сочести прекршоци. Успеаја да ја совладаат Турција на гости и со ова е јасно дека не се за потценување“, вели Симовски во изјава за 24 Ракомет.

Македонија веќе има играно натпревари против Турција и против Исланд, па овие селекции сеподобро познати.

„Против Турција имаме играно поголем број на натпревари. Имаме и победи и порази. Последниот беше победа во Тарагона, но со подмладен состав. Сепак, прво очекувам да говидам составот, па потоа ќе можеме да зборуваме. Исланд е репрезентација зареспект, но оние 7-8 ракометарки кои настапуваат во Данска и во Шведска ќебидат во составот. Во добар натпреварувачки ритам се и ќе биде тешко“.

Тоа што Македонија ќе игра пред публиката во Скопје секако ќе биде од големо значење бидејќи сигурно ќе има и поддршка од трибините.

„За нас е добро што играме на домашен терен. Не треба да имаме притисоци иако играме пред наша публика. Едноставно мораме да ја покажеме играта која што ја негуваме веќе неколку години. Ако девојките бидат дисциплинирани ќе има игра, а резултатот ќедојде сам по себе. Онаа селекција која ќе направи повеќе прекршоци и ќе биде поагресивна таа може да се надева и на подобри резултати на овој турнир“, коментираше Симовски пред стартот на подготовките.