Силна конкуренција за Металург и Еурофарм: Магдебург, Кил, Монпелје, Нант бараат место во ЛШ (ФОТО)

Вардар е сигурен учесник во Лигата на шампионите во следната сезона, додека за вајлд карта трката е голема. Покрај нашите пријавени екипи Еурофарм Работник и Металург, има уште други 13 екипи.

Сите 15 тимови се пријавија за место во елитното натпреварување, но нема сите да добијат место. Силна конкуренција имаат македонските екипи со тимови како Магдебург, Нант, Кил…

Тимови што се пријавија за вајлд-карта:
ГОГ Гудме
Бидасоа
Монпелје
Нант
Шамбери
Кил
Магдебург
ПИК Сегед
Еш
Еурофарм Работник
Металург 
Арендал
Висла Плоцк
Спортинг Лисабон
Кристијанштад

Екипите кои ќе добијат место ќе бидат познати на 25 јуни, додека ждрепката ќе се одржи на 27 јуни во Виена.