Силвио Хајневетер е “луд”, но и страшно добар голман! (ВИДЕО)

Голманот на германската ракометна репрезентација и член на Фуксе Берлин-Силвио Хајневетер, покрај тоа што има незгоден карактер важи и за еден од најдобрите голмани во Бундес-лигата.

Хајневетер има посебно актрактивен стил на бранење и најчесто со фудбалски паради успева да ја дигне на нозе публиката во салите ширум Германија.

Таков беше случајот и на вчерашниот натпревар против екипата на Хановер, каде со атрактивна одбрана не му дозволи на противничкото крило Тимо Кастенинг да постигне погодок, момент што предизвика воодушевување кај навивачите на Фуксе Берлин.

Пантерската интервенција на Сивлио Хајневетер погледнете ја на следното видео.