Сикошек за 24Ракомет ТВ: Среќен сум што ќе имам можност да учам од Стоилов (ВИДЕО)

Европскиот шампион Вардар ги започна подготовките за новата сезона, а едно од новите имиња е словенечкиот млад пивотмен Домен Сикошек Пелко.

Тој вели дека по добро одиграната сезона во австрискиот Брик, стигнала понудата од Вардар и сега е среќен што е во Скопје.

„Се радувам што сум дел од ваков тим каков што е Вардар и што ќе имам можност да учам од Стоилов“, вели Сикошек.

Целосната изјава може да ја погледнете во продолжение…