Сиера ќе игра и на 40 години, се сели во Татабања

Шпанскиот ветеран Хозе Мануел Сиера, кој во моментов брани за ПИК Сегед, а многу македонски медиуми го „селат“ во Вардар, нема да ја заврши кариерата и во следната сезона ќе настапува за амбициозниот унгарски клуб Татабања.

Сиера, кој има 39 години, потекнува од Барселона, а покрај настапите за каталонскиот клуб, играше и за Сиудад Реал и Ваљадолид во татковината, пред да ја започне интернационалната кариера во дресот на ПСЖ и ПИК Сегед.

Во моментов во унгарскиот вицепрвак брани заедно со Марин Шего, а на лето таму се сели Мирко Алиловиќ од Веспрем. Во Татабања во моментов голот го брани унгарскиот репрезентативец Мартон Секељи и романскиот интернационалец Јонут Јанку, кој на лето ќе се врати во татковината.