Сигурмансон за 24Ракомет ТВ: Шансите се 50-50, Исланд и Македонија се на исто ниво (ВИДЕО)

Македонската машка репрезентација денеска го игра решавачкиот натпревар против Исланд за пласман во главната рунда на Мундијалот во Германија и Данска.

Левото крило на Исланд, Стефан Сигурмансон, кој е замена за повредениот Гудјон Валур Сигурдсон игра во одлична форма. Тој вели дека шансите се подеднакви за двете репрезентации.

„Шансите се 50-50. Исланд и Македонија се на исто ниво“, вели Сигурмансон.

Целосна изјава на Сигурмансон погледнете ја во видео прилогот….