Сигурдсон: Не заслуживме да загубиме така убедливо

Македонија убедливо ја победи Јапонија со 38-29 во првото коло од Мундијалот во Германија и Данска, а селекторот на азискиот претставник, Дагур Сигурдсон, вели дека поразот е незаслужено висок

„Секако дека сме разочарани што загубивме убедливо, бидејќи сметам дека игравме сосема солидно на овој натпревар. Голманот на Македонија беше одличен. Македонија играше и седум на шест, но сметам дека солидно ја контролиравме таа нивна игра, но по неколку грешки во нападот, противникот се одлепи на висока разлика, и тука беше крајот“, вели јапонскиот селектор.

Во второто коло Јапонија ќе се сретне со Исланд, додека Македонија ќе игра против уште еден азиски претставник, Бахреин, веќе в недела со почеток во 14:00 часот.