Сигурдсон: Вардар е фаворит во Лигата на шампионите, фаворити се и Кил и Барса

Новата сезона од Лигата на шампионите почна синоќа кога составите на Кокс и Савехоф одиграа со резултат 25:30. Денеска има нов меч во Швајцарија меѓу Кадетен и Динамо Букурешт, но главното следува за викендот.

Шампионот на Франција, ПСЖ не е во група со Вардар така што и оваа година овие два тима можат да се соочат дури во елиминациите. И годинава многумина сметаат дека ПСЖ е еден од главните кандидати за трофејот, но новиот ракометар во тимот, Гудјон Валур Сигурдсон смета дека други тимови се со поголеми шанси и дека ПСЖ не е главниот кандидат за трофејот.

„Сакаме да понедиме на секој натпревар на кој ќе настапиме вклучувајќи ја и целата Лига на шампионите. Ние мораме да останеме скромни и да имаме почит кон секој противник без разлика за кое натпреварување се работи. Во последните години видовме дека фаворитот не победува на Ф4 турнирот и затоа мораме да признаеме дека ПСЖ не е фаворит во Лигата на шампионите. Има тука и други силни тимови како Вардар, Кил, Барселона… Сите тие се со шанси како и ние“, вели Сигурдсон.

Тој дојде во ПСЖ од Рајн Некар, а во спротивен правец замина Уве Генсхајмер. Се работи заодлични ракометари и јасно е дека сите ќе имаат што да покажат на теренот. Јасно е дека ПСЖ ќе направи сè што може за да дојде до Ф4 турнирот сезонава, но исто така е јасно дека мисијата ќе биде максимално тешка. Сепак, ќе биде тешко и за Вардар и за Кил и за Барселона бидејќи има многу квалитетни состави.