Се слави во Струмица, со бенгалки ги поздравија ракометарите (ВИДЕО)

Ракометарите на Македонија забележаа одличен резултат со победата против Грција во салата „Парк“ во Струмица и дојдоа до два бода со кои го „забетонираа“ првото место во Групата 3 и најверојатно местото во вториот шешир при ждрепката.

После завршувањето на средбата ракометарите беа чекани пред сала од страна на навивачите кои им приредија убав пречек и заедно го прославија овој голем триумф и пласман на ЕП.

Како изгледаше моментот кога се славеше пред салата можете да видите од видеото во продолжение.